ПОЧЕТОК

     НОВО:
         - Ве известуваме дека увозот на автобуси кои го исполнуваат стандардот EURO2 е дозволен до 31.12.2013 година. Од 01.01.2014 ќе се          увезуваат автобуси кои го исполнуваат стандардот EURO4.

НОВОСТИ
 

Ве известуваме дека од 01.10.2012, согласно Правилникот за единечно одобрување на возила (Сл. весник на РМ бр.16/2010), стапуваат во сила нови технички барања за возилата.

Измените се однесуваат на возилата од N, О, L категорија како и за возилата од T, C, R и S категорија.

Според новите регулативи и директиви кои стапуваат на сила од 01.10.2012 година во постапка за единечно одобрување ќе можат да влезат ЕУРО 4 товарни возила.

Поради тоа препорачуваме да направите проверка на возилото, пред истото да го купите и увезете.

Истовремено ве известуваме дека за патнички возила од категорија М1, досегашните услови ќе важат до 05.02.2016 година, додека за автобусите од категориите М2 и М3 снижените критериуми за одобрување ќе важат до 28.02.2013 година.





На веб страницата на АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА објавени се термините за полагање и обука на возачи и управители на транспортните фирми за првата половина од 2012 година





Ве известуваме дека согласно последните измени на Правилникот за единечно одобрување на возилата од 30.12.2011 година, дозволен е увоз на патнички возила и мотоцикли произведени за американски пазар кои го исполнуваат американскиот стандард TIER 2.

Ова значи дека досегашните услови за увоз на патнички возила произведени исклучиво во САД веќе не се применуваат







АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА доби ново овластување од страна на Министерството за транспорт и врски за:

  • спроведување на обуки за професионални возачи за превоз на опасни материи
  • спроведување на обуки за советници за превоз на опасни материи

Обуките се спроведуваат согласно Законот за превоз на опасни материи и се задолжителни за сите возачи и транспортни фирми кои учествуваат во превозот на опасните материи.




 
ЗА НАС
   

 

 


АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје е правно лице кое се занимава со проверка на сообразност на единечно увезени возила во Република Македонија, атест на дополнително вграден уред за погон на возилото на ТНГ, проверка и потврдување на исправноста на возила кои вршат меѓународен транспорт, испитување на возила кои превезуваат опасни материи, едукација на возачи и управители на транспортните фирми кои што вршат меѓународен и домашен транспорт на стоки и патници. АМСМ УСЛУГИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА е формирана во јуни 2008 година како правен наследник на Центарот за возила на АМСМ кој постои од 01 мај 2002 година. Во 2005 година се воведе МКС ISO/IEC 17020: 2004, стандард кој ги дефинира барањата за телата кои извршуваат инспекциски активности, т.е. оцена на сообразност. Исполнетоста на бaрањата од стандардот беа потврдени во акредитациона постапка од страна на Институтот за Акредитација на РМ, при што Центарот за возила на АМСМ се стекна со еден од првите Сертификати* за акредитација во Република Македонија.
Во јуни 2008 година се спроведе постапка за акредитација на АМСМ УСЛУГИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА при што се докажа постојаноста во нивото на квалитет на услуги на службата што беше заокружено со издавање нов Сертификат** за акредитација за согласност со стандардот МКС ISO/IEC 17020: 2006.
АМСМ УСЛУГИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје своите активности ги извршува во дванаесет испитни места на подрачјето на Република Македонија.

* Прилог – Сертификат 1
** Прилог – Сертификат 2

 

 

ХОМОЛОГАЦИЈА - ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА
 

Од Јануари 2011 година АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА се стекна со овластување за Техничка служба во рамките на која на своите корисници може да ги понуди следните услуги:

  1. Единечно одобрување на возило

Единечното одобрување на возила е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило.
Постапката за единечно одобрување на возило се спроведува:

  • за возило чиј што тип не бил одобрен во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон;
  • во случај на повеќефазно изработување на возило за посебните фази на изработка, доколку некоја од тие фази се предмет на постапка на повеќефазното одобрување.

 

  1. Идентификација и оцена на техничката состојба на возила

„Оцена на техничката состојба на возилото” е постапка во која визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи, како и проверка дали возилото не било преправено, односно поправано во согласност со член 19 од Законот за возила.

(1) Постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за возило за кое типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното  возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Република Македонија.
(2) Постапката од ставот (1) на овој член може да се спроведе само ако техничките барања врз основа на кои е добиено ЕУ одобрување на тип, односно одобрување на типот во Република Македонија, се најмалку на нивото на техничките барања кои се во примена за соодветното возило.
(3) Листата на техничките спецификации, еквивалентните со нив правилници на ECE за возилата, во постапката за идентификација и оцена на техничката состојба, како и временскиот период за нивна примена е дадена во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник.
(4) Во случај кога во постапката на идентификација и оцена на техничката состојба се утврди дека возилото е преправено или поправено, постапката се прекинува, а одобрувањето на возилото, согласно одредбите од член 57 став (1) алинеја 3 од Законот за возила може да продолжи кај техничката служба овластена за одобрување на соодветниот вид на преправки.

 

  1. Идентификација на возила

„Идентификација” е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
Постапката за идентификација на возилата се спроведува во рокови и за возила утврдени со член 24 од Законот за возила.

 

Член 24 – Закон за возила Сл.весник бр.140/2008
Идентификација на возилата

(1) Кај правното лице за технички преглед овластено за изведување на постапката за идентификација и/или идентификација и оцена на техниќката состојба на возилата се спроведува постапка за идентификација на возилата што првпат се регистрираат во Република Македонија за потребите на:

1)меѓународни и меѓудржавни организации – за службено користење;
2)дипломатски и конзуларни претставништва на други држави во Република Македонија – за службено користење;
   3)дипломатски и конзуларни лица вработени во странските претставништва во Република Македонија и членовите на нивните потесни семејства – за приватно користење;
4)државјани на Република Македонија кои се враќаат од постојана или привремена работа или престој во странство, доколку биле во странство најмалку една година без прекин;
5)странски државјани на кои им е издадено одобрение за привремен или постојан престој во Република Македонија;
6)хуманитарни организации за извршување на нивните хуманитарни работи и
7) возила кои пред повторното внесување во Република Македонија, еднаш биле регистрирани во Република Македонија.

(2) Постапката на идентификација на возилата од ставот (1) на овој член се врши само врз основа на приложена документација, без преглед на возилото и без барање за сообразување со други прописи од областа на возилата.

(3) Идентификација на возила од ставот (1) точка 3 на овој член не се однесува на државјаните на Република Македонија.

(4) Идентификација на возилото од ставот (1) точки 4 и 5 на овој член може да се изврши во рок од една година од постојаното враќање, односно добивање на дозвола за постојано или привремено престојување, ако возилото претходно било во сопственост на барателот најмалку шест месеца пред влегувањето во Република Македонија.




 
АТЕСТ НА ПЛИН - ОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕПРАВЕНИ ВОЗИЛА
 

Во рамките на Техничката служба – АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА доби овластување од Министерството за економија за спроведување на испитување и одобрување на преправени/поправени возила, односно возила во кои дополнително е вграден уред за погон на возилото на течен нафтен гас.

Испитувањата се спроведуваат во просториите на Техничката служба во Скопје и испитните места во состав на подружниците на подрачјето на Република Македонија.

Веќе еднаш регистрираните возила за кои е потребно поединечно испитување поради преправка, односно поправка се упатуваат на испитување во овластената техничка служба со упатница издадена од органот надлежен за вршење на работите од областа на внатрешни работи. Упатницата се издава врз основа на констатираната, односно пријавената причина за испитување на возилото од страна на правното лице за технички преглед, службата за контрола и регулирање на сообраќајот, инспекциската служба во патниот сообраќај или сопственикот – носителот на правото за користење на возилото.

За потребите на испитувањето сопственикот на возилото, на овластената техничка служба ги приложува на увид сите документи за потеклото на возилото и поодделните негови уреди, а воедно ги обезбедува и приложува сите одобренија и друга документација за дополнително вградените уреди и материјали во возилото.




 
ЦЕМТ - Проверка на подготвеност на возила за сообраќај
 

ЦЕМТ – Проверка на подготвеноста на возилата за сообраќај и издавање на Сертификат

Согласно овластување од страна на Министерството за транспорт и врски, АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА спроведува проверка на подготвеноста на возилата за сообраќај и издава Сертификат. Проверките се вршат врз основа на Европската конвенција на Министрите за транспорт (ЕКМТ – ЦЕМТ), за возила ЕУРО3, ЕУРО4 и ЕУРО5. По извршените проверки на возилата, за тие кои ги исполнуваат барањата, се издаваат Сертификати кои понатаму претставуваат и еден од влезните елементи при аплицирање на превозниците во распределбата на годишните ЕКМТ (ЦЕМТ) дозволи.

Прегледите на возилата се извршуваат на две локации во Скопје и во Велес.




 
АДР - Испитување на возила кои превезуваат опасни материи
 

Транспортот на опасните материи претставува константна и континуирана опасност за сите кои доаѓаат во посреден или непосреден контакт со опасните материи.
Возилата за превоз на опасни материи се многу битен фактор во целиот транспортен процес на опасните материи и нивната исправност и опременост се многу важни.
Во АМСМ Услуги – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА со овластување од Министерството за внатрешни работи се извршува испитување на возилата според условите на меѓународната спогодба за превоз на опасни материи – АДР. За извршените испитувања за возилата издаваме Сертификат за исправност на возилото за превоз на опасни материи.




 
ОБУКА ЗА ВОЗАЧИ И УПРАВИТЕЛИ
 

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај секој возач кој врши меѓународен превоз на стоки и патници, задолжително мора да поседува лиценца за превоз. Исто така и Управителот или од него овластено лице одговорно за превоз на транспортното претпријатие мора да поседува лиценца.

Еден од условите за добивање на лиценците е спроведена обука според одобрена програма која може да се добие во АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. Обуката ја извршуваат соодветно обучени предавачи од Центарот за возила. За извршената обука се издава Потврда за спроведена обука, која претставува услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерството за транспорт и врски.

Распоред на испити:

1. ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО НА ВОЗАЧИ ВО МЕЃУНАРОДЕН ПАТЕН СООБРАЌАЈ

    - за испитот на 10 Февруари 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 08 Февруари (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 09 Февруари (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 10 Февруари од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 24 Февруари 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 22 Февруари (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 23 Февруари (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 24 Февруари од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 09 Март 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 07 Март (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 08 Март (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 09 Март од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 23 Март 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 21 Март (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 22 Март (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 23 март од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 06 Април 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 04 Април (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 05 Април (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 06 Април од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 20 Април 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 18 Април (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 19 Април (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 20 Април од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 04 Мај 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 02 Мај (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 03 Мај (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 04 Мај од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 18 Мај 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 16 Мај (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 17 Мај (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 18 Мај од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 01 Јуни 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 30 Мај (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 31 Мај (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 01 Јуни од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 15 Јуни 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 13 Јуни (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 14 Јуни (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 15 Јуни од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 29 Јуни 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 27 Јуни (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 28 Јуни (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 29 Јуни од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 13 Јули 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 11 Јули (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 12 Јули (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 13 Јули од 13:00 – 15:00 часот



2. ТЕРМИНИ ЗА ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ НА УПРАВИТЕЛОТ ИЛИ ОД НЕГО ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА ПРЕВОЗ
    - за испитот на 03 Февруари 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 01 Февруари (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • 02 Февруари (петок) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 03 Февруари јули од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 17 Февруари 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 15 Февруари (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 16 Февруари (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 17 Февруари од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 02 Март 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 29 Февруари (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 01 Март (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 02 Март од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 16 Март 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 14 Март (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 15 Март (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 16 Март од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 30 Март 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 28 Март (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 29 Март (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 30 Март од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 11 Април 2012 година (среда), термин за обуки:
  • 09 Април (понеделник) од 16:00 – 20:00 часот
  • 10 Април (вторник) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 11 Април од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 27 Април 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 25 Април (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 26 Април (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 27 Април од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 11 Мај 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 09 Мај (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 10 Мај (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 11 Мај од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 25 Мај 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 23 Мај (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 24 Мај (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 25 Мај од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 08 Јуни 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 06 Јуни (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 07 Јуни (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 08 Јуни од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 22 Јуни 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 20 Јуни (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 21 Јуни (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 22 Јуни од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 06 Јули 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 04 Јули (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 05 Јули (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 22 Јули од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 20 Јули 2012 година (петок), термин за обуки:
  • 18 Јули (среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • 19 Јули (четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 20 Јули од 13:00 – 15:00 часот



АМСМ УСЛУГИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА како организатор на обуките од областа на Патниот сообраќај и транспорт, истите ги организира во своите простории во Скопје и во подрачните служби на територија на Р. Македонија.

За обука во подрачните служби термини се определуваат согласно потребата и интересот од страна на нашите корисници на услуги.

Контакт тел.: +389 (0)2/3181-153




 
ОБУКА ЗА АДР ВОЗАЧИ И СОВЕТНИЦИ
 

Опасни материи се оние материи кои при производството, манипулацијата (пакување, натовар, транспорт, истовар) и користењето може да бидат опасни и штетни за животот и здравјето на луѓето, за материјалните добра и животната средина. Поделбата на опасни материи е извршена во согласност со меѓународните прописи кои ја уредуваат нивната употреба, превоз и складирање. Со наведените прописи се опфатени околу 50.000 опасни материи и истите се поделени во девет основни класи.

Во таа насока е потребно организирано и стручно оспособување на возачите на товарни моторни возила со кои се превезуваат опасните материи, како и други лица кои учествуваат во организацијата на превозот и нивната манипулацијата - натоварување, претоварување и истовар. Основната цел на специјалната обука се состои во запознавање со карактеристиките на поединечните опасни материи и добивање на основни сознанија неопходни за намалување на можностите за несреќни случаи до минимум, како и превземање на потребните мерки за заштита во случај на инциденти и ограничување на последиците од нив.

Обуката ја извршуваат соодветно обучени предавачи од Центарот за возила. За извршената обука се издава Потврда за спроведена обука, која претставува услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерството за транспорт и врски.

Распоред на испити:

1. ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА СТРУЧНА ОСПОСОБЕНОСТ НА ВОЗАЧИ ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ (АДР)

    - за испитот на 13 Февруари 2012 година (Понеделник), термини за обуки:
  • 07 Февруари (Вторник) од 16:00 – 20:00 часот
  • 08 Февруари (Среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 13 Февруари од 13:00 – 15:00 часот
    - за испитот на 27 Февруари 2012 година (Понеделник), термин за обуки:
  • 21 Февруари (Вторник) од 16:00 – 20:00 часот
  • 22 Февруари (Среда) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 27 Февруари од 13:00 – 15:00 часот



2. ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ (АДР)
    - за испитот на 28 Февруари 2012 година (Вторник), термини за обуки:
  • 23 Февруари (Четврток) од 16:00 – 20:00 часот
  • 24 Февруари (Петок) од 16:00 – 20:00 часот
  • консултации 28 Февруари од 13:00 – 15:00 часот



АМСМ УСЛУГИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА како организатор на обуките од областа на Патниот сообраќај и транспорт, истите ги организира во своите простории во Скопје и во подрачните служби на територија на Р. Македонија.

За обука во подрачните служби термини се определуваат согласно потребата и интересот од страна на нашите корисници на услуги.

Контакт тел.: +389 (0)2/3181-153




 
АМСМ АТИ - ИРУ Академија
ДИГИТАЛНИ И АНАЛОГНИ ТАХОГРАФИ
 

Во изработка...
 
ПРОПИСИ
 


 Закон за возила

(Сл. весник на РМ бр. 140/2008)

 

 Правилник за висината на трошоците во постапките за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата .
(Сл. весник на РМ бр. 70/2009)

 

 Правилник за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата .
(Сл. весник на РМ бр. 131/2009)

 

 Правилник за одобрување на тип на моторни возила со две и со три тркала 
(Сл. весник на РМ бр. 131/2009)

 

 Правилник за одобрување на нови моторни и приклучни возила, системи, составни делови и самостојни технички единици наменети за таквите возила .
(Сл. весник на РМ бр. 132/2009)

 

 Правилник за одобрување на земјоделски и шумски трактори .
(Сл. весник на РМ бр. 134/2009)

 

 Правилник за одобрување на преправени и поправени возила.
(Сл. весник на РМ бр. 7/2010)

 

 Правилник за единечно одобрување на возило.
(Сл. весник на РМ бр. 16/2010)

 

 Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба на возилата .
(Сл. весник на РМ бр. 16/2010)

 

 Правилник за техничките барања за системите, составните делови, самостојните технички единици, опремата, димензиите и вкупните маси и осното оптоварување на возилата.
(Сл. весник на РМ бр. 21/2010)

 

 Правилник за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи.
(Сл. весник на РМ бр. 31/2010)

 

 Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за задолжителната опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи .
(Сл. весник на РМ бр. 48/2010)

 

 Правилник за изменување на правилникот за единечно одобрување на возило.
(Сл. весник на РМ бр. 62/2010)

 

 Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило .
(Сл. весник на РМ бр. 105/2010)

 

 Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата.
(Сл. весник на РМ бр. 105/2010)

 

 Правилник за дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило.
(Сл. весник на РМ бр. 13/2011)

 

 Правилник за измена и дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило.
(Сл. весник на РМ бр. 39/2011)

 
ЕСЕ РЕГУЛАТИВИ
 


 


ECE регулативите претставуваат технички документи кои ги содржат усогласените технички карактеристики на возилата и нивната опрема, начинот на кој тие се испитуваат, како и процедурите за одобрување на возилата што ги исполнуваат овие регулативи.

Пропишан е и начинот на контрола на сообразноста на производството за одобрените возила, како и казните при несообразност на производството, вклучително и повлекување на одобрувањето. ECE регулативите претставуваат прилози на Спогодбата за прифаќање на еднообразни технички прописи за возила на тркала, опрема и делови кои можат да бидат вградени и/или употребени во возилото на тркала и условите за взаемно признавање на хомологациите доделени врз основа на тие прописи, усвоенa од страна на Економската комисија за Европа при Обединетите нации или таканаречен ECE систем.

Потписничка на оваа Спогодба е и Република Македонија од 17.11.1991 г.Линк:
http://www.unece.org/trans/main/welcwp29.htm

 
КАТЕГОРИЗАЦИЈА


 
КОНТАКТ

 

 


Друштво за услуги
за инспекција и испитување на возила

АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ
увоз-извоз Скопје

ул. Лазар Трповски бб, Скопјетел. 02/ 2631-181
е-mail:
contact@homologacija.com.mk

Работно време:
понеделник – петок, 08.00 – 16.00 ч.

Данијела Доневска,
управител
ddonevska@amsm.com.mk

Сеад Факиќ,
раководител
sfakic@amsm.com.mk



 

 


Друштво за услуги
за инспекција и испитување на возила

АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ
увоз-извоз Скопје

Подружница Велес

ул. Моша Пијаде бб, Велес
тел. 043/ 212-221


Дејан Коцев,
одговорно лице на испитно место – Велес
dkocev@amsm.com.mk

Друштво за услуги
за инспекција и испитување на возила

АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ
увоз-извоз Скопје

Подружница Битола

ул. Новачки Пат бб, Битола
тел. 047/ 240-303


Николче Диневски,
одговорно лице на испитно место – Битола
ndinevski@amsm.com.mk

СЕРТИФИКАТИ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Сертификат 1
Сертификат 2




КОНТАКТ
A: ул. Лазар Трповски бб, Скопје
Т: 02/ 2631-181
E: contact@homologacija.com.mk