АМСМ – Тренинг центарот, кој работи во состав на АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА, кој е прв акредитиран центар за обука на ИРУ Академијата во Македонија, се стекна со три акредитации за спроведување на обуки.

Меѓународната Унија за патен транспорт (IRU), формирана во Жанева на 23 Март 1948 година, е меѓународна организација која ги застапува интересите на патната транспортна индустрија во целиот свет. Преку нејзината мрежа на национални членки, ги претставува автобуските, товарните и такси превозниците, од најголемите со голем возен парк, до индивидуалните превозници.
IRU има глобална визија и работи ефективно на меѓународно, регионално, национално дури и на локално ниво во земјите членки и во соработка со надлежните национални органи го почитува слоганот „Работиме заедно за подобра иднина“ (“Working together for a better future”).

Мисијата на IRU е да го олесни патниот сообраќај во целиот свет и да обезбеди негов постојан развој, со користење на стручна едукација за промовирање на професионална компетентност во областа и да го подобри квалитетот на услугите кои ги нуди.

Академијата ИРУ е составен дел на ИРУ и претставува глобално тело во рамките на ИРУ која преку своите акредитирани центри низ целиот свет врши обука и ги пренесува своите искуства, знаења и достигнувања. Академијата ИРУ е единствена организација од ваков тип во Европа и пошироко, која непосредно и секојдневно соработува и е во корелација со Европската комисија за транспорт и активно учествува во измените и дополнувањата на сите директиви на ЕУ кои се однесуваат на транспортот.

На 17.06.2010 година АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, стана акредитиран тренинг центар на ИРУ академијата за Македонија.
Со ова се прави еден пионерски чекор во оваа област и преку својата акредитација како овластен АТИ за територијата на Република Македонија многу ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите на транспортните претпријатија, како и за едукација на возачите и проширување на нивните знаења, што од друга страна ќе ја зголеми конкурентноста на нашите компании во меѓународниот транспорт.

АМСМ како организација која во своето работење се грижи за безбедноста на сообраќајот на патиштата, во текот на долгогодишното постоење, ги препозна проблемите со кои се соочуваат возачите, превозниците и останатите учесници во сообраќајот и одлучи дека е потребно да се вклучи во процесот на едукација на возачите, вработените во транспортните фирми, а секако и контролните органи како би се подобрил квалитетот на транспортот, а со тоа и комплетната безбедност на сообраќајот на патиштата. Во почетокот на 2010 година беа направени првите контакти со ИРУ Академијата и беше поднесена апликација за акредитација по програмата на Академијата. Во текот на изминатиот период се обезбеди кадар од вработените во АМСМ кој помина соодветни обуки во повеќе наврати и се стекна со Сертификати за обучувачи. Станува збор за 12 луѓе од различна струка: правници, економисти, машински и сообраќајни инженери. Сите имаат и определено искуство во работата од областа на транспортот што ги прави компетентни за извршување на едукацијата на учесниците во патниот транспорт.

ИРУ Академијата обезбедува највисок квалитет на обука од областа на патниот сообраќај преку својата мрежа на Акредитирани тренинг центри (АТИ) на ИРУ Академијата и добивање на меѓународни дипломи на ИРУ Академијата со кои се потврдува нивната стручна оспособеност. Акредитираните АТИ Тренинг центри на ИРУ Академијата од разни држави постојано соработуваат и разменуваат искуства на регионално и глобално ниво при што најмалку еднаш годишно се организираат стручни средби на кои учество земаат обучувачите од сите центри. На ваквите средби се обновуваат знаењата, се проверува нивото на знаење и се разменуваат искуства од различни држави. Сето ова придонесува кон постојан развој на Тренинг центрите, на ИРУ Академијата, а со самото тоа и на квалитетот на стручната едукација на директните учесници во патниот транспорт.

ИРУ Академијата има единствена улога