Во состав на АМСМ - Акредитираниот Тренинг Институт(АТИ) на ИРУ Академијата работи Координативно тело кое е составено од претставници од највисоки, релевантни институции од областа на домашниот и меѓународниот сообраќај, од Министерството за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија, Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и претставници на најголемите здруженија на превозници на стока и патници во Република Македонија, Макамтранс и ИСТОК.

Координативното тело е формирано со задача да ја контролира работата на Акредитираниот тренинг институт, да се грижи за негова промоција и задржување на квалитетот на обуката, начинот на спроведување на испитите и начинот на работа на Институтот за едукација.

Седниците се одржуваат еднаш месечно, согласно Деловникот за работа и се дискутира за актуелни теми во врска со работата на АМСМ-АТИ.

Деловник за работа на коордитивното тело